Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, денес беше во протоколарна посета на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков и италијанскиот дипломат, разменија мислења за повеќе прашања кои ги допираат двете земји, информираат од Општина Охрид.
Силвестри, посебно беше заинтересиран за проектите кои се однесуваат на заштитата на Охридското Езеро и подготвеноста на Италија да ги помогне истите, како и за соработка на културно поле. Амбасадорот Силвестри не ја криеше својата воодушевеност, кога градоначалникот Пецаков го информира за проектот на локалната самоуправа – „Италијански јазик во основното образование“, што ќе се имплемантира од следната година во основните училишта „Св.Климент Охридски“ и „Христо Узунов“, се вели во соопштението.

OhridNews












