Проектот „Ги Запознаваме Ретките Болести“ презентиран како успешен кон “Грижа за ретките – пат кон напредокот” во организација на НОРБС од Србија.
На конференцијата стана збор и за достапноста до иновативни терапии, креирање на национални планови за ретките болести, а беа презентирани и примери на добра пракса. Со заеднички залагања можеме многу повеќе да направиме за пациентите со ретки болести, вели Гордана Лолеска од „Живот со предизвици“.
Кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ се спроведува три години по ред, а четвртата сезона ќе почне од месец февруари 2022 година, за која како што информираше Лолеска воведени се доста новитети.
OhridNews












