„Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“ е насловен проектот кој од денес ќе отпочне да се реализира во средното училиште „Нико Нестор “ во Струга. Според ланираното за професорите и психолошко-педагошките служби во училипштето ќе бидат организирани типизирани предавања кои ќе ги спроведе обучен едукатор за оваа област.

Слични вакви предавања во наредниот период ќе бидат организирани и за учениците и родителите. Проектот потоа ќе биде презентиран и пред учениците во средното училиште „Ибраим Темо“.

-Овој проект во изминативе две недели беше реализиран во средношколските центри во општина Охрид и претставува продолжение на проектот „Дрога-вистина и заблуди“ спроведен во периодот од 2008 до 2012 година, пред околу 25.000 ученици од основните и средните училишта, наставници и родители на целото подрачје на СВР Охрид, вели Стефан Димоски, потпарол на СВР Охрид. Тој појаснува дека овој проект има за цел да ги намали штетите од злоупотреба на опојни дроги.

Проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“, СВР Охрид го спроведува во координација и соработка со одделението за образование при општина Охрид.

OhridNews