Дел од националните медиуми презентираа видео и фото материјал како ќе изгледа возобновениот Свети Климентов универзитет на Плаошник. Информацијата ја пренесоа голем број портали и локални медиуми.
Презентираните информации под превезот „ексклузивно“ содржеа детали за проектот на Плаошник, иако тие со години и се познати на јавноста. Бомбастично повторно е најавена изградбата на Свети Климентовата градина, иако уште во 2012 година поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман изнесе детали за овој проект, посочувајчи дека таа ќе се гради во боровата шума на Плаошник.
Две години порано, поточно на 8-ми септември 2010 година, на свеченост на која присуствуваа голем број гости и официјални личности меѓу кои и премиерот, беше поставен камен темелникот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник, при што беше презентиран целосниот изглед на комплексот. Притоа беше најавено дека проектот ќе биде реализиран до 2014 година. Во меѓувреме поради не почитување на договорот беше променет изведувачот на градежните работи и беше пролонгиран рокот за изградба. На терен од големиот број најавени објекти започнааа да се градат резиденцијата на МПЦ и музејскиот комплекс, кои се во фаза на карабина. Изградбата на овие објекти кои доминираат на охридското кале предизвика силни реакции и полемики во јавноста, како и политички препукувања во градскиот совет.
Деновиве амбициозниот проект Плаошник повторно е реафирмиран преку видео презентација, а кога конечно ќе биде реализиран останува да се види.
OhridNews
Универзитетскиот комплекс на Плаошник ќе биде готов во 2014 година
Во боровата шума на Плаошник ќе се прави Свети Климентова градина