
Мултимедијалниот проект претставува спој на три различни гледишта кон природата и кон животот воопшто. Пулсот се јавува како едно врзивно средство меѓу творештвата на Ели Аин – „Непознати предели“, Билјана Ангелеска – „Срцева комора“ и Стевчо Наумоски – „Пулсот на езерото“.
Проектот е спој на различни медиуми-објекти, интервенција во простор, фотографии, видео и звук и е резултат и надоврзување на истражувањата на различни аспекти на просторноста, започнати и развивани во претходните проекти.












