По неколкумесечни подготовки, индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ чиј претседател е индискиот милијардер Субрата Рој, го достави проектот според кој ќе се гради модерниот туристички комплекс во Љубаништа.

Предлог проектот, од страна на синот на Субрата Рој, Семанто Рој кој е извршен директор и шеф на одделот за меѓународен бизнис во компанијата,  пред два дена бил доставен до македонскиот премиер Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески .

Проектот е насловен „Сахарајан Македонија“ и според визијиата на Рој е предвидено да се гради на површина од 240 хектари, а ќе содржи хотели од светска класа, казина, станбени и рекреативни објекти и терен за голф по меѓународни стандарди.

OhridNews