Утре на 28-ми февруари 2016 година од 11 до 13 часот на плоштадот кај Чинарот во Охрид, ЦИВИЛ-Центарот за слобода ќе организира јавен, информативен настан за претставување на проектот за набљудување на изборите „Напред”.

ЦИВИЛ спроведува целосен, сеопфатен, непристрасен и објективен мониторинг на подготовката и на текот на целиот изборниот процес и на почитувањето на гласачкото право.

-Во тек се активности за селекција, ангажирање и едукација на долгорочни, краткорочни и граѓански набљудувачи на изборниот процес во Република Македонија. Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред” е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, набљудување на денот на изборите, едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите, велат од ЦИВИЛ.

Проектот „Напред“, кој започна во јануари и ќе трае седум месеци , се финансира со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

OhridNews