Добитници на Повелбата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид за 2017 година се се проф. д-р Ангела Крстаноска- Василевска и Супер Радио. Одлуката ја донесе Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија во состав Елеонора Куновска- претседател, Славица Петреска- заменик претседател, и членовите Дејан Шикоски, Бесим Демиров и Филип Јовановски. На конкусрот пристигнале пет апликации и сите ги исполнувале пропишаните критериуми согласно со Одлуката за доделување општински награди и признанија.

Проф. д-р Ангела Крстаноска – Василевска е родена 1971 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во својот град. Природно математички факултет завршува на универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје. Во 2002 година успешно го брани магистерскиот труд, а во 2007 година ја брани докторската дисертација по биотехнички науки. Вработена е на факултетот за туризам и угостителство од 2001 година. Покрај наставните и истражувачките активности на матичниот факултет таа учествува на бројни конференции во земјата и странство каде го афирмира Охрид и неговите потенцијали како развиен туристички центар. Преку повеќе проекти успеа да даде голем придонес за развивање и организација на насоките за гастрономија и хотелско ресторански менаџмент со кои раководи. Благодарение на проф. Д-р Ангела Крстаноска Василевска факултетот за туризам и угостителство располага со најмодерна и најопремена кујна финансирана од грантови а вклучена е и во други проекти преку кои се подржува развојот на туризмот во Охрид. Таа потврдила и дека дава голем придонес во внесување новини во неформалното образование и организирање обуки за кадри неопходни за развој на туристичкиот бизнис.

Добитникот на повелбата Супер Радио неодамна го одбележа јубилејот 25 години и е препознатлив бренд на радио новинарството не само во Охрид туку и во Република Македонија, стои во одлуката на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.

OhridNews