Здружената опозиција на прес конференција што се одржа денеска, ја официјализираше кандидатската листа на советници за претстојните локални избори.


Како што веќе информиравме, листата ќе ја предводи д-р Јован Стојаноски – професор на ФТУ Охрид, следат Александар Калачоски -ВМРО НП, Оливија Пирузева Јанева – СДСМ, Дејан Блажески – ЛДП, Томислав Тунтев СДСМ, Жаклина Лазареска – СДСМ, Јоне Станкоски – ВМРО НП, Драган Пандески – НСДП, Виолета Мицкоска СДСМ, 10 Александар Ристески СДСМ….

-Денес гордо можам да кажам дека без оглед на политичките услови, на оргомниот број шпекулации во јавноста, кандидатската листа за советот на општина Охрид на здружената опозиција предводена од СДСМ беше избрана акламативно, демократски, со сериозно почитување на процедурите и што е најважно сите 23 кандидати ги исполнуваат не само партиските критериуми, туку се карактеризираат со чесност, лојалност, професионалност и чувство за општествена одговорност.
-изјави на порес конференцијата Дејан Блажески, претседател на ОО ЛДП – Охрид и кандидат за советник.


Носителот на листата, проф. д-р Јован Стојаноски истакна дека кандидатите за советници се изгласани акламативно, што претставува голема обврска за сите нив да ја оправдаат укажана чест и доверба. Стојаноски најави позитивна кампања и натпревар со идеи и знаења.

-Принципите по кои што ќе се раководиме во понатамошниот натпревар за освојување на што е можно повеќе гласови од нашите граѓани, ќе бидат пред се принципи на љубов, а не на омраза, принципи на почит и искажување на доверба кон сите граѓани на нашиот град, без одредено напаѓање и користење на јазикот на омразата. Сакаме да победиме со љубов, со гордост, со почит кон сите граѓани, не да изградуваме бивалентни принципи со што на едните ќе им дадеме право да се чувствуваат дека се наши, а на другите дека се од другата страна. Ние сме сите жители на овој преубав град и се надевам дека и понатаму ќе живееме заедно, без оглед што до 24 март не се наоѓаме во битка, туку ќе речам дека се наоѓаме во еден натпревар на идеи, на знаења, на аргументирано изнесување на тоа кој поседува поголем потенцијал и капацитети да го добие правото да раководи со овој град.-изјави носителот на листата на здружената коалиција проф. д-р Јован Стојаноски.

Носителот на кандидатската листа на здружената опозиција е оптимист и верува во победата на претстојните избори и освојување на мнозинството во идниот совет.


Според кандидатот за градоначалник на Охрид Александар Петрески, предложената листа е најдобра во десегашната историја на Охрид.

-Охрид конечно доби најдобра листа, како што има и најдобар градоначалник и кандидат за градоначалник, кои верувам ќе ја добијат довербата на граѓаните пред кои ќе се претставиме со конкретни идеи и проекти и без никакви уцени.-рече Петрески.


Здружената опозиција попладне ќе го промовира изборниот штаб кој се наоѓа во центарот на Охрид.

OhridNews