Низ серијал стории ви ги претставуваме успешните охридски приказни во изборот на Охридњуз во 2025 година кои се помесетени во 12. издание на Годишната ревија на настани.
Животниот пат на проф. Д-р Павле Митревски, познат историчар и истражувач кој со својот огромен истажувачки труд осветли бројни страници од македонската историја, влезе во десеттата деценија. Тој е пример дека со истрајна и посветена работа се доаѓа до исклучителни резултати, за што говори фактот дека во текот на своето творење и пишување, со што активно се занимава и во 94-та година од животот, има објавено преку 15 научно-истражувачки трудови од исклучитено значење за Македонија, а посебно за Охридско-струшкиот регион.
2025-та не беше исклучок. Проф. д-р Павле Митревски заедно со м-р Димитар Смилески, во декември ја објавија заокружената целина на книгата „Охридски летопис“. Со ова нивно заедничко дело, Охрид се здоби со еден вид енциклопедија и водич низ историјата на овој град со долговековна историја и традиција.
Проф. д-р Павле Митревски е неуморен раскажувач на минатото на Охрид и регионот. Тој го афирмира градот во меѓународни рамки бидејќи од неговите книги учат најголемите промотори на Охрид и охридското културно наследство.
Павле Митревски и припаѓа на втората генерација македонски историчари научници. Тој е ученик на академик Љубен Лапе, кој заедно со академик Александар – Цанко Христов, Данило Заграфски, Методија Соколовски и други, ги удрија темелите на современата слободна македонска историска научна мисла.
Признание за трајни вредности Охридњуз му додели на Проф. д-р Павле Митревски.















