Интервју со проф. Предраг Спасојевиќ од Државниот Универзитет „Ратгерс“ во Њу Џерси, САД – Визитинг професор на Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Проф. Спасојевиќ е светски познат научник во областа на телекомуникациите.

Неговите истражувачки интереси се од областа на теорија на информации и процесирање на сигнали, за кои има преку 150 рецензирани публикации објавени во најреномирани научни списанија и конференции.

Професорот Спасојевиќ предава „Бранови и оптика“, предмет од напредната физика. Темите опфатени во овој предмет ги воведуваат студентите во физичките процеси при распространување на радио и оптичките бранови. Студентите учат за процесот  на распространување на  звучните и водните бранови, како се формира виножитото, зошто амбулантното возило кое се движи генерира понизок тон на сирената од оној којшто би се генерирал додека не се движи, како да се дизајнира оптички ласер, микроскоп, ултразвучни бранови, музичките инструменти и други бројни секојдневни и научни теми.

ON: На што е фокусирана моментално Вашата истражувачка работа?  Кое се Вашите главни цели и какви резултати очекувате?

Проф. Спасојевиќ: Во моментов работам на истражување од областа на ефикасно користење на радио спектарот. Со зголемувањето на бројот на користење на паметни телефони, и други мобилни уреди, се зголеми бројот на преземања на видео материјали за апликации кои бараат мало доцнење (на пример во 3G и 4G стандардите во мобилните уреди за пренос на звук и видео), мобилните оператори се соочуваат со проблеми кои настануваат од пренатрупаност на електромагнетниот спектар наменет за телекомуникации. Оттаму, со огромата жед за размена на информации, општествениот напредок се соочува со и недостиг од мобилен пропусен опсег.


проф. Предраг Спасојевиќ

ON: Кажете ни кој е најпредизвикувачкиот проект или научен труд на којшто сте работеле во Вашата кариера.

Проф. Спасојевиќ: Моето истражување во областа на електромагнетниот спектар наменет за комуникации, контролирање и следење на истиот, интелегентни радио методи кои се појавија на база на  тоа непланирано отворање на нови дијапазони од областа на радио спектарот наменет за комуникации направи брз напредок во областа на ефективно искористување на спектарот наменет за мобилните комуникации.

Имам објавено голем број на квалитетни научни трудови, но ако треба да изберам еден јас би го издвоил научниот труд базиран на мојата работа  на напредните безжични комуникации. Во овој научен труд е објаснато како неколку мобилни уреди соработуваат вклучувајќи основен метод на радио сигнализирање за да може да се постигне ефективно искористување на спектарот при услов кога средината на распростанување на радиобрановите се менува со голема динамика. Од другите проекти на кои сум работел и кои ми се во драго сеќавање, би сакал да го спомнам овозможувањето комуникација со сателитите кои се наоѓаат ниско во орбитата на Земјата. Мојата патентирана технологија овозможува следење на сигналите примени од сателити коишто се движат со висока брзина.


ON: Дали постојат луѓе или настани кои влијаеле на текот на Вашата кариера?

Проф. Спасојевиќ: Проф. Х. В. Пур од Универзитетот „Принстон“ ме инспирира да разберам дека истражувањето не е работа, туку начин на живот. Мојот татко ја поттикнуваше мојата посветеност на науката и инженерството, додека одржуваше чекор со мојата желба за спортување.

ON: Вашите впечатоци од Охрид….

Проф. Спасојевиќ: Благодарност до Ректор Марина што ми овозможи уште еднаш да го посетам прекрасниот Охрид, после 30 години, и да станам дел од претстојното искуство на УИНТ. Бев мошне импресиониран од способноста и желбата на студентите да научат. На Македонија и предвидувам светла иднина штом им овозможува на вакви студенти да ги постигнат нивните цели со модерни студии, инспирирани од визијата на УИНТ, како меѓународна академска средина која се стреми кон научно совршенство. Мојата посета на УИНТ ме увери во неговата светла иднина понесена од енергијата и напредната визија на младата администрација, наставен кадар и паметни студенти.


проф. Предраг Спасојевиќ и ректорот на УИНТ Охрид, Марина

ОN: Идни планови…

Проф. Спасојевиќ: Бидејќи сега сум и официјално Визитинг Проф. На Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле“, се надевам дека соработката ќе продолжи на обострано задоволство.

OhridNews