Професионалните војници од земјава ќе излезат на протести, доколку не бидат сослушани нивните барања од страна на Министерот за одбрана, Фатмир Бесими.

Веќе два месеци, Независниот синдикат на професионални војници  чека одговор од ресорниот министер, за статусот на војници кои ќе навршат 45 години. Овие проблеми се само дел од многутте, за кои во изминативе години на повеќе наврати, војниците протестираа пред Владата.

Иако во минатото беа постигнати бројни договори  со владините претставници, сепак надлежните институции останаа без слух за нивното последно барање.

OhridNews