Професор д-р Сашо Коруноски ќе раководи со Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и во наредните четири години.
Неговиот реизбор за декан на факултетот во Охрид, го потврди Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
ФТУ Охрид е најстарата високообразовна институција од областа на туризмот и угостителството во Република Македонија, која веќе 43 години создава квалитетни стручни кадри кои се темел на охридскиот и македонскиот туризам.
OhridNews