Професорите Марија Голабоска, Илија Стојаноски и Ѕвонко Трпески вечерва одржаа прес конференција пред зградата на општината, на која обвинија дека се врши притисок во политички цели оврз просветните работници. Професорката Марија Голабоска,  истакна оти има сознанија дека вечерва во големата сала на општината Охрид биле повикани голем број вработени во образоваението со цел, како што рече, врз нив да се врши притисок да гласаат за кандидатот за градоначалник на Сојузот за иднината на претстојните локални избори.

Би сакале да ве информираме дека ова е спортивно на уставот на РМ, со кој се гарантирани основните човекови и граѓански права, а особено правото на слободен избор како и законите за основно и средно образование со кој што строго е забрането мешање на политиката во образованието.“ – рече Голабоска.

Таа го повика министерот за образование да реагира и спречи мешање на политиката во образованието.

Јавно ги повикуваме сите политички партии и сите кандидати за градоначалници да ја тргнат политиката надвор од образованието и да не вршат политички притисок на нашите колеги, а колегите јавно ги повикуваме секој ваков притисок да го пријават во соодветните  институции. “ – истакна Голабоска.

OhridNews