Собраниската комисија за здравство, уште денеска ќе расправа за законот за медицински студии, откако вчера Министерот за здравство Никола Тодоров имаше дебата со дел од професорите на медицинскиот факултет.

Според ресорниот министер, со овој европски закон ќе се изедначи квалитетот на студии на трите медицински факултети.
Инаку, преку него на министерот ќе му се овозможи пропишување на условите за начинот на стекнување практични вештини, кои се неопходни за едно лице да се стекне со титулата доктор по медицина.
OhridNews












