Професорот Речкоски единствен претставник од регионов на 6-та Светска конференција за менаџмент на туризмот
06.05.25 13:23
Проф. д-р Ристо Речкоски од Факултетот за туризам и угостителство Охрид, како единствен претставник од регионот, присуствуваше со свој научен труд од областа на правото и туризмот во Македонија, на 6-та Светска конференција за менаџмент на туризмот „Низ континентите – туризам за подобар свет“, кој се одржа во Истанбул, Турција.
На Конференцијата професорот Речкоски оствари и контакти со врвни светски професори, најистакнатите од оваа област во целиот свет, меѓу нив проф. д-р Димитриос Бухалис од Универзитетот Бурнемаут во Обединетото Кралство, проф. д-р Џин Хои Чан од Универзитетот во Кембриџ, со домаќинот проф. д-р Мухарем Туна, претседателот на ТУАДЕР (Асоцијација на сите турски академски кадри од туризмот), како и со претставник на коорганизаторот проф. д-р Мухамед Кесгин, од Меѓународниот колеџ за угостителство и иновации од Рочестер Институтот во САД.
Истите се поканети да го посетат Охрид како главна туристичка дестинација, како и да биде остварена научна и стручна соработка. Ваквите контакти придонесуваат и за поголема промоција на Факултетот за туризам, градот Охрид и Македонија.
Инаку, на Конференцијата учествуваа повеќе од 400 учесници, со над 300 трудови од педесетина земји од сите континенти во светот.
ООУ „Свети Климент Охридски” Охрид со свечена програма утре ќе го одбележи патрониот празник Во рамки на програмата во 19 часот во НУ „Центар за култура Григор Прличев”- Охрид ќе биде отворена лико...
Деновиве Охрид богато и со низа настани ќе го одбележи 8 Декември – Денот на Св Климент Охридски – Патронот на градот Во рамките на општинската програма „Деца сме на Климента“ утре – четврток , 4 д...
Свети Григориј се роди во Декаполис, во Исаврија Родителите му беа угледни и побожни луѓе Кога навлезе во машка возраст, тие сакаа да го оженат, но Григориј побегна и набргу се замонаши Неговата сл...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.