
Како што истакнуваат од Cryo-Save, интензивниот развој на медицината во областа на матичните клетки, вроди со зголемена свест за придобивките од долгорочното зачувување на матичните клетки, добиени од папочната врвца при раѓањето.
Македонија е една од 38-те земји во светот, во која веќе четврта година се достапни услугите на Cryo-Save, првата и најголема банка за чување на матични клетки во Европа. Со цел да им помогне на семејствата од Македонија, кои имаат член (прво колено) кому му е дијагностицирана болест опасна по живот, а која може да биде третирана со матични клетки, Cryo-Save започна програма за бесплатно семејно зачувување на матични клетки од папочна врвца.
Cryo-Save Македонија досега има реализирано донации за две семејства со деца со сериозни заболувања и активно продолжува со хуманата програма за зачувување на матични клетки без никаков надомест за семејства на кои третманот со матични клетки навистина може да им помогне.
Извор:Макфакс












