Во четврток, 2 мај, со почеток во 12 часот ќе се одржи третата седница на Советот на општина Охрид на која советниците ќе расправаат и одлучуваат по Предлог одлуката за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2013 година.

–    Со летната шема се предвидува поставување на унифицирани тезги, штандови и друга урбана опрема со која ќе се регулира локацијата и намената на објектите. За критериумите за добивање дозвола за користење на унифицираните тезги, заинтересираните субјекти ќе бидат доплонително известени веднаш по усвојувањето на Програмата за поставување урбана опрема од страна на Советот на општина Охрид. До нејзиното усвојување не е дозволено поставување урбана опрема и извршување на ваков вид на дејност, информираат од локалната самоуправа.

Во меѓувреме, комуналната инспекција во соработка со останатите служби врши засилен надзор и се преземаат санкци за физичките и правни лица кои имаат поставено тезги, а не поседуваат одобрение за нивно поставување.

OhridNews