Вкупно 260 парчиња готови текстилни производи со ознаки на заштитена трговска марка за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, откриле мобилните царински тимови при контрола на стока од испраќач од Турција, наменета за примач од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава во Струга.

При преглед на возилото, во кабината под душекот на креветот, пронајдени се и 9 копии од фактури и заради сомневање во вредноста на пријавената стока за увозно царинење фактурите со целокупната документација се привремено задржани и се предадени на Одделението за истраги за нивно понатамошно постапување.

OhridNews