Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е на исто ниво како и претходниот месец. Обемот на производството во декември 2011 година бележи пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во декември 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во декември 2011 година се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2011 година изнесува 59,8% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во декември 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,8%, недоволната домашна побарувачка со 17,4%, финансиските проблеми со 12,5% и неизвесното економско опкружување со 9,4%.