Во последниот меч од првата третина од македонскиот фудбалски шампионат Охрид 2004 на домашен терен ја пречекува екипата на кичевски Напредок. “Белите“ на СРЦ “Атина Бојаџи“ во четирите меча забележаа една победа Силекс 2-0, две ремија Металруг 0-0, 11 Октомври 1-1, и имаат само еден пораз и тоа од Вардар со 0-2.


Првиот избор во нападот на Антиќ, Клечкароски е неизвесен за саботниот натпревар, па погледите се вперени кон стандардниот Пројков од кого се оечкуваат голови во продолжението на лигата.

– Силно ја посакуваме победата против Напредок. Се наоѓаме во одлична резултатска серија, позитивна атмосфера владее во екипата кој само дополнително може да не мотивира. Сите ја посакуваме победата која по прватата етапа од првенството би не сместила во средината на табелата – вели Пројков, кој пред неколку сезони го носеше дресот на Напредок.


Покрај Пројков во офанзивната линија на Антиќ се очекува да има место и за младинскиот репрезентативец под 19 години Алими, кој во досегашниот дел од првенстовото постигна три гола.

– Посакувам полни трибини и во една одлична атмосфера заеднички да ја славиме новата победа – дополнува Пројков.

Билетите по цена од 100 денари се пуштени во проджаба, натпреварот Охрид – Напредок се игра в сабота од 14 часот.

М.П.