Проклеството е скршено. Репрезентацијата на Германија ја совлада Италија по изведувањето на пенали со 6-5 (1-1) и се пласираше во полуфиналето од ЕП 2016. 

Мечот во регуларниот тек заврши без победник 1-1. Озил ја доведе селекцијата на Германија во предност, која ја анулираше Бонучи од пенал. Погодок немаше во продолженијата, а победникот го дадоа пеналите. Одлучувачка беше деветтата серија во која Дармијан промаши, а Хектор го матираше Буфон.


All penalty shoot -out – Germany 6-5 Italy – 02… von endrit-preniqi

Актуелниот светски првак ја продолжува трката за европското злато. Во полуфиналето Германија ќе игра со подобриот од дуелот Франција и Исланд. Во другото полуфинале ќе се сретнат Португалија и Велс.

ohridnews