Ракометниот клуб Охрид имаше лош старт на пролетната полусезона во Супер лигата, откако претрпе висок пораз 23-16 (10-4) од Пролет во дербито на колото.

„Гладијаторите“ одиграа прво полувреме за заборав, особено во нападот во кое постигнаа само четири голови. Одбраната делуваше стабилно и недозволи поголема негатива од шест голови. Во вториот дел охриѓани ја поправија играта во напад, но негативата од првото полувреме беше преголема и поразот беше неизбежен.

Со овој триумф Пролет заокружи две победи над охридските ракометари оваа сезона, бидејќи славеа и во СРЦ „Билјанини Извори“ во есенскиот дел од шампионатот.

Во следната рунда Охрид на домашен терен ќе го пречека Борец и ќе има шанса да го завери и теоретски пласманот во елитата од Супер лигата.

OhridNews