-Улиците, тротоарите и чаршијата детално се метат од абразивните средства кои беа нанесувани во текот на зимскиот период, како и друг вид отпад, а потоа истите се мијат. За денес, по налог на Комуналната инспекција е најавена акција, со која ќе се расчистува делот од црквата “Св.Богородица-Каменско” па се’ до Горна порта, вклучувајќи го и шумскиот дел на овој потег. За понеделник е предвидено расчистување на потегот од Горна Порта па се до манастирот “Плаошник”. –информираат од Одделението за јавна Хигиена.
Овие интервенции се предвидени според Програмата за работа на ова одделение, за 2010 година, со која улиците на територијата на Општина Охрид се групирани во четитри категории во зависност од кој дел на градот се лоцирани.