Во текот на оваа работна недела екипите на  „Паркови и Зеленило“ вршат пролетно уредување на дрворедот вдолж сообраќајницата „Булевар Туристичка“. Оштетените дрва се санираат, сувите и искршени гранки се отстрануваат, а крошните се оформуваат.

Се уредува и тревната површина на „Туристичка“ на потегот од крстосницата кај Градскиот пазар до месноста Петља.

OhridNews