Денес на целата северна хемисфера пристигна пролетта, а истовремено на јужната земјина полутопка почна есента.

Пролетта обично доаѓа на 21 март, но со оглед на тоа дека  2012 е престапна година и февруари има еден ден повеќе, пролетта почна денеска во 6 часот и 11 минути.

Пролетта ќе трае 92,75 денови, односно до 21 јуни, кога доаѓа лето. Пролетта почнува оној момент кога Сонцето во своето привидно годишно движење ќе го пречесе екватор и ќе прејде на север.

Од утре денот ќе биде подолг од ноќта, а денот ќе се продолжи во попладневните часови од следниот викенд, 25 март, кога се преминува на летно сметање на времето.

OhridNews