Бенфика е нов лидер во португалскиот шампионат откако во дербито со 1-0 го совлада Спортинг Лисабон. Резултатот ќе имаше сосема друг тек ако Брајан Руиз во 71-та минута не промашеше празен гол по додавањето од Лимани. Спортинг со победа имаше шанса да се одлепи на четири бодови од Бенфика, но загуби и им го препушти врвот.
OhridNews










