Првичниот план на охридските фудбалери за контролните натпревари во подготвителниот период ќе претрпи мали измени. „Рибарите“, тест средбите ќе ги започнат против членот на фудбалската елита, Шкупи, наместо со „езерскиот“ ривал, Караорман.

Натпреварот помеѓу Охрид и Шкупи ќе се одигра в сабота на СРЦ „Билјанини Извори“ во 17:30 часот.

Другите контролни мечеви на Охрид остануваат според планот. Втората тест средба Охрид ќе ја има против Пелистер, а потоа следуваат натпреварите со Кораб, Македонија Ѓорче Петров, Струга Трим Лум, Питу Гули и Тиквеш.

OhridNews