Од јавното претпријатие „ Нискоградба“ информираат дека продолжуваат активностите за подобрување на системот за одведување на отпадни води.
Деновиве се извршуваат градежни активности на дел од ул. „ Стив Наумов“. Се врши промена на цевките за одведување на отпадни води и се прочистува и линијата од наталожени шут и нечистотија.
OhridNews