Манчестер Јунајтед го запоседна врвот на табелата во Премиер лигата откако со победа над Сандерленд (3-0) го круниса поразот (4-1) на Манчестер Сити во дербито со Тотенхем.


„Ѓаволите“ дури во судиското продолжение од првиот дел преку Мемфис Депај го скршија отпорот на гостите и поведоа со 1-0.


Дилемите околу победникот домаќините ги разрешија на стартот од вториот дел кога Вејн Руни по подолга пауза се запиша во листата на стрелци за дуплирање на предноста.


Најдобриот играч на дуелот со „црните мачки“, Хуан Мата со погодокот во 92-та минута ја потврди преселбата на Јунајтед на врвот во Премиер лигата по пост од сезона и пол.


Резултати : Тотенхем – Мен Сити 4-1, Ливерпул – Астон Вила 3-2, Лестер – Арсенал 2-5, Мен Ју – Сандерленд 3-0, Саутемптон – Свонси 3-1, Стоук – Бурнмаут 2-1, Вест Хем – Норвич 2-2, Њукасл – Челси.

Табела : Мен Ју 16, Мен Сити 15, Вест Хем 13, Арсенал 13, Тотенхем 12…

Мх.П.