Првиот човек на Формула 1 Берни Еклстон даде предлог за да овај спорт би бил поинтересен.
Според него трките во F1 би биле многу поинтересни ако се оддржуваат две трки наместо една. Тешко е да се поверува дека ваквиот предлог би се реализиран но според Берни:
“На навивачите повеќе им се интересни кратките настани, а доказ за тоа е трката во Бразил. На оваа трка имавме повеќе гледаност отколку на другите. Трката беше со неколку судари но имавме и неколку стартови. Тоа ми даде идеја дека треба да се разгледа тркачката форма. Според мене, две трки од по 40 минути со исто толкава пауза помеѓу нив би биле супер за нас но и за спонзорите и публиката. Квалификациите би останале во ист формат, само треба да се најде начин како да стартуваат возачите на втората трка. Многу работи се менуваат со тек на времето па можеби е време и ние да смениме нешто“ – изјави Еклстон.
OhridNews