Променета локацијата на одржување на концерт кабарето на Културно Уметнички Работници предвидено во рамки на годинешниот „Summer Comedy Marathon“.
Поради очекувани временски неприлики ја променуваме локацијата на настанот концерт кабаре на Културно Уметнички Работници. Новата локација е Џез Ин. Заради кратење на трошоците за транспорт на публиката на првичната локација, цената на билет за настанот се намалува на 500 ден., посочуваат организаторите.
Првичната локација за одржување на концертот беше Планинската куќа Спиридон на Галичица со организиран превоз.
Со концертот на Културно Уметнички Работници ќе се означи и крајот на првиот дел од маратонoт, а истиот по кратка пауза продолжува на 4 август па се до големот финале на Долни Сарај на 13 август.
Настаните на летниот комеди маратон следете ги на Охридњуз, а за билети и резервации кликнете на хахаха.мк.
OhridNews