Општинска изборна комисија Охрид со известување за промена на локации на гласачки места за претстојните локални избори. Според известувањето променета е локацијата на 7 избирачки места на територијата на Општина Охрид.

Избирачките места 1254, 1254/1 и 1264/1 од Градски пазар- Нов објект се префрлени во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште,

избирачкото место 1264 од МЗ – Кошишта е префрлено во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште,

избирачкото место 1267 од приватен објект на ул. Железничка е префрлено во О.У. „Кочо Рацин“ – поранешна касарна Ул. Радојца Новичич (новата зграда на училиштето),

избирачките места 1268 и 1268/1 од приватен објект хотел Ловец – Охрид, се префрлени во О.У. „Кочо Рацин“ – „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште, информираат од Општинска изборна комисија Охрид.

Локалните избори за градоначалници и советници во општините ќе се одржат на 19 октомври. Во Охрид битката за градоначалничката фнкција ќе ја водат четворица кандидати, Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата, Гоце Цветкоски како незвисен кандидат и Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија. Во поглед на листите за членови на совет поднесени се 11, 7 од партии и 4 независни листи.

OhridNews