Поради потребите за репрезентативни настапи како и по барање на неколку клубови направени се следните промени во календарот :

-Натпреварите од 12 коло во втората лига ќе се одиграат на ден 05 ноември 2011 година (сабота) со почеток во 13 часот;


-Натпреварите од 14 коло Прва лига и 13 коло Втора лига кои требаше да се одиграат на ден 12 и 13 ноември 2011 година се одложуваат и истите ќе се одиграат на ден 19 ноември 2011 година Прва лига и 20 ноември 2011 година Втора лига при што натамошните натпревари од Втора лига секоја недела се поместуваат за едно коло така да последното коло се пролонгира за една недела;

-Натпреварите од 15 коло Прва лига кои требаше да се одиграат на ден 19 ноември 2011 година се одложуваат и истите ќе се одиграат на ден 22 ноември 2011 година.

Направените промени се објавени и во годишниот календар за прва и втора лига.

Извор : “ФФМ“.