Судиските грешки и сомнителните погодоци ќе бидат сведени на минимум во шпанската Примера, откако челниците прифатија од следната сезона да се користи Видео технологијата во првенствените мечеви.

ВАР системот им помага на судиите низ прегледување на видео снимка да донесат точна и правилна одлуака, ако има нештосомнително во погодокот, пеналот или пак црвениот картон.

Челниците од Ла Лига претрпеа критики пред одреден период, бидејќи само во Шпанија не се користи модерната технологија за помош на судиите, без разлика дали се работи за гол технологијата или пак ВАР системот.

Ниту ВАР системот не е беспрекорен, затоа доби стоп во францускиот шампион после неколку пропусти, а УЕФА се одлучи да не го примени во ЛШ и покрај 98% точните одлуки донеси после прегледувањето на видео снимката.

OhridNews