Шпанското национално првенство или познато како „Ла Лига“ ќе претрпи одредени измени во новата натпреварувачка сезона.


Челниците на Ла Лига по долго преговарање со екипите одлучија да воведат зимска пауза која ќе трае три седмици.

Претходно, фудбалерите во шпанското првенство имаа само недела дена пауза односно викендот после Новата година.

Првиот дел од сезоната во Примера ќе се игра до 18 декември 2016 година, а втората ќе започне од 6 јануари 2017 година.

Новата фудбалска сезона во Шпанија ќе почне 21 август, а титулата ја брани Барселона.

OhridNews