Делегатите на Редновото собрание во Охрид со 85 гласови „ЗА“ му дадоа доверба на Управниот одбор да го менува системот на натпреварување во Вторите и Третите македонски фудбалски лиги. Промените на сила ќе стапат од сезоната 2020/21.

Дел од регионите во Третите лиги наидоа на потешкотии при организирањето поради тоа што ситуацијата во текот на исходот преставуваше огромен проблем. Од овие причини УО заклучи дека потребна е детална анализа се со цел да се изнајде решение со кој ќе се решат проблемите, а ќе се подигне квалитетот на фудбалот.  – рече генералниот секретар во ФФМ, Филип Поповски.

Неофицијално, двете Втори лиги ќе се соединат, а шесте Трети лиги кои се регионални ќе се намалат на три или четири. Исто така ќе се говори дека ќе се прошири Првата лига. Моментално има две Второ лиги запад и исток, а елитата брои десет клубови.

На Редовното годишно собрание во Охрид за нов претседател на ФФМ одбран беше Муамед Сејдини, а специјалниот гостин Давор Шукер изјави дека УЕФА е среќна што има партнер како македонската фудбалска федерација.

Мх.П.