
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец и со услови за слаб локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени.
Според УХМР, до среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Кон крајот на неделата температурите ќе бидат во пораст.
OhridNews












