Времето денеска ќе бие променливо облачно, рано изутрина и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 8 степени Целзиусови.

Во четврток ќе има нов влажен и постуден бран со локални врнежи од дожд и снег и со опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните повторно ќе бидат во пораст, информира УХМР Македонија.

OhridNews