Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне и во текот на ноќта под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни.

Од денес попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка. Температурата на воздухот значително ќе опадне.
OhridNews











