Времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег.
OhridNews













