Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, наместа пообилни. Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Охрид ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во текот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

OhridNews