Времето денеска во претпладневните часови ќе биде променливо облачно, а од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.
Во Охрид ќе преовладува променливо облачно време, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со дожд. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.
Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
OhridNews