Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) за кратко време и засилен ветер (над 60 km/h).

Во Охрид времето денес променливо облачно со дожд. Максималната температура до 26 степени.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота ќе има изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси.

OhridNews