Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Охрид до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во наредните денови следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

OhridNews