Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во крајните југозападни делови (над 20 l/m2). Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 2o степени.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 l/m2).
OhridNews











