Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно со повремен локален дожд.
OhridNews











