Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Во западните делови ќе дува слаб ветер од променлив превец, а во источните умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура до 8 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

OhridNews