Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Како што информираат од УХМР, во Охрид времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Под влијание на циклонска активност, во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
OhridNews