Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 1 до 10 степени.

Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Во текот на утрешниот ден ќе биде променливо облачно, со услови за локален дожд, а на планините и на некои повисоки места, пред се во западните делови, ќе провејува снег. Од четврток ќе има зголемување на сончевите периоди, а в петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност, што ќе придонесе за раст на дневните температури. Во наредните денови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

OhridNews